Буџетската криза и изеде на американската економија 24 милијарди долари
Прекинот на работењето на владините служби до сега ја чини американската економија 24 милијарди долари, оценува рејтинг агенцијата „Стандард енд Пурс“.
- Владата на САД го прекина работењето пред повеќе од две недели. Според нас, тоа доведе до забавување на растот на бруто домашниот производ во четвртото тримесечје на тековната година за 0,6 отсто на годишно ниво, што ја чини националната економија 24 милијарди долари - наведува рејтинг агенцијата.
„Стандард енд Пурс“ истакнува дека поради буџетската криза била принудена да ја намали прогнозата за растот на БДП-то во четвртото тримесечје.
- Во септември очекувавме дека растот на БДП ќе достигне во четвртиот квартал 4 проценти на годишно ниво, претпоставувајќи дека политичарите ја научиле лекцијата од ситуацијата во 2011 година и презеле мерки за избегнување прекин на работењето на Владата и опасноста од банкрот. Нашите очекувања не се потврдени и треба да ја намалиме прогнозата за растот на БДП до речиси два проценти - наведува агенцијата.
Слично
