Економија, финансии, бизнис

Контакт

Буџетот за 2014 во Кипар предвидува намалување на државните расходи

Буџетот за 2014 во Кипар предвидува намалување на државните расходи

Државниот буџет на Република Кипар предвидува намалување на државните расходи за 700 милиони евра  за 2014 година.

За таа цел вонредно се анализираат состојбите од страна на Министерството за финансии на таа држава, јавуваат грчки медиуми.

Дефицитот е проектиран на 4,25 отсто со намалување на државните расходи за 700 милиони евра или за 11 отсто. Првична цел на Владата е да се намалат оперативните расходи кои во 2012 година беа 907 милиони евра. Не е исклучено да бидат намалени расходите за развој кои во буџетот оваа година беа 850 милиони евра, пред да се „посегне“ по платите и пензиите за три отсто, со што би се заштедиле, според грчките медиуми, околу 84 милиони евра

Слично

Поврзани вести