Економија, финансии, бизнис

Контакт

БУДАНОВ ЗА РУСИTE КОИ ВРШЕЛЕ ВОEНИ ЗЛОСТОРСТВА: Соодветната казна може да биде само ликвидација и јас ќе ја спроведам

БУДАНОВ ЗА РУСИTE КОИ ВРШЕЛЕ ВОEНИ ЗЛОСТОРСТВА: Соодветната казна може да биде само ликвидација и јас ќе ја спроведам

Украина ќе треба да воспостави демилитаризирана зона на „невојување“ на околу 100 километри внатре во руската територија, дури и ако Русите сами го соборат рускиот претседател Владимир Путин, изјави шефот на украинското воено разузнавање, 37-годишниот генерал Кирило Буданов, пишува британски Тајмс.

Рече дека украинските служби не се обиделе да го убијат лично Путин, туку тој е во „маѓепсан круг“ од своите пропагандисти, но и од москосвската бизнис-елита која сака војната и санцкиите да сопрат.

Буданов сепак признава дека гонеле и ликвидирале некои пропагандисти на Кремљ во во изминатите 15 месеци од војната. Неговите агенти, како што кажа, ќе продолжат да ги таргетираат оние Руси кои извршиле воени злосторства против Украина.

„Вакви случаи имало и ќе продолжат, ќе добијат заслужена казна, а соодветната казна може да биде само ликвидација и јас ќе ја спроведам“, рече тој.

Тој кажа дека мал број Руси соработуваат со нив. 

Во градот Бахмут се водат жестоки борби. Украина соопшти за нови територијални придобивки во тешките битки. Војната зема уште една спортска жртва, откако во борбите кај Бахмут загина 19-годишниот украински хокеар Александер Колоњук. 

Слично

Поврзани вести