БУДАНОВ: На списоците за егзекуција има наставници по украински јазик, новинари, научници
Украина вели дека Русија има „листа за отстрел“ на која се наоѓаат Украинци.
Шефот на украинската воена разузнавачка служба, генерал-полковник Кирило Буданов, вели дека Киев е свесен за постоењето на руска „листа за отстрел“ на која има учители, новинари, украински свештеници и други.
„На списоците за егзекуција има наставници по украински јазик, литература, историја, ветерани од антитерористичката операција, новинари, научници, писатели, свештеници на Православната црква на Украина и други конфесии кои ја поддржуваат Украина, јавни и политички личности и лидери на државни органи и самоуправа“, изјави Буданов.
Шефот на разузнавачката служба додаде и дека „украинофобијата“ навлезе во целото руско општество.
„Геноцидот врз Украинците не е само државна политика на Руската Федерација, туку и задолжително општествено верување наметнато одозгора“, рече Буданов.
Најновите информации велат дека Русите вратиле 40 отсто од територијата во Курск која Украинците ја окупираа на 6 август. Се смета дека рускиот претседател Владимир Путин сака да покажа дека ја контролира ситуацијата и да ја врати територијата до 20 јануари, пред Доналд Трамп да ја преземе функцијата претседател во САД. Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека има шанси во 2025 година војната да заврши.
