Економија, финансии, бизнис

Контакт

БУДАНОВ КАЖА КОГА ЌЕ ИМА ПРЕКИН НА ОГНОТ ВО УКРАИНА: Нема да биде толку брзо ни ефективно како што сите очекуваат

БУДАНОВ КАЖА КОГА ЌЕ ИМА ПРЕКИН НА ОГНОТ ВО УКРАИНА: Нема да биде толку брзо ни ефективно како што сите очекуваат

Шефот на украинското разузнавање, Кирило Буданов тврди дека е можно да биде постигнат договор за прекин на огнот до крајот на годинава.

Според него, „повеќе компоненти“ потребни за постигнување договор се веќе подготвени, што укажува на можноста за договор во наредните месеци.

„Колку долго ќе трае или колку ќе биде ефективно е друго прашање“, вели Буданов.

Сепак, Буданов изрази сомневање за ефикасноста на какви било мировни сили кои би можеле да бидат распоредени во Украина.

„Покажете ми барем една земја во светот во која имаше влијание распоредувањето мировни сили“, порача Буданов.

Белата куќа продолжи денеска да врши притисок врз Киев за завршување на војната со Украина, повикувајќи го да ги ублажи критиките и брзо да потпише договорот за ретки минерали. 

Американскиот претседател Доналд Трамп, рече дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е диктатор, но дел од неговите сенатори, веќе изнесоа различни ставови, а еден од нив дури рече и дека рускиот лидер Владимир Путин како воен злосторник треба да биде погубен. 

Зеленски рече дека Трамп е во меур од руски дезинформации. 

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година. 

Слично

Поврзани вести