Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брзи возови: Од Барселона до Париз за 6,5 часа

Брзи возови: Од Барселона до Париз за 6,5 часа
Шпанија ја пушти новата линија за брзи возови. Возовите ќе тргнуваат од станицата од Барселона и ќе патуваат до своето одредиште во Франција. Иако новата пруга е долга само 131 километар, таа е всушност дел од големиот проект кој треба комплетно да ги поврзе шпанските и француските брзи пруги. Оваа врска која според најавите треба да биде готова во април, ќе овозможи патувања од Барселона кон водечки француски градови без префрлувања. Вкупната вредност на инвестицијата е 3,7 милијарди евра, а патниците за 6,5 часа, или еден час побрзо ќе можат да стигнат од Париз во Барселона и обратно.
Слично

Поврзани вести