Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРУТАЛНОСТА НА ИСИС: Жена запалиле жива, зашто одбила екстремен сексуален чин

БРУТАЛНОСТА НА ИСИС: Жена запалиле жива, зашто одбила екстремен сексуален чин

Терористичката органицазија ИСИС е позната по својата бруталност прикажана преку безмилосно убивање цивили, обезглавување заложници и уништување историски богатства. Освен тоа, Исламската Држава не престанува да изненадува со систематското насилство врз безброј заробените жени.

Веќе со месеци, сме слушнале ужасни сведоштва од жените кои избегале канџите на ИСИС,  кои претрпе силување и други акти на насилство.

Заинаб  Бангура, специјална претставничка на ОН за сексуално насилство во конфликт, неодамна спроведе турнеја на бегалските кампови во сенка на судирите во Сирија и Ирак.

Таа слушнала секакви хорор приказни од жртвите на џихадистите и нивните семејства.

„Тие го институционализираат секслуалното насилство. Брутализација на жените и девојките е централна тема во нивната идеологија.” – веле Бангура.

 Tаа раскажува дека по нападите во селата, џихадистите ги одделуваат жените од мажите, а момчињата кои се на возраст над 14 години ги ликвидираат.

Потоа жените ги соблекуваат голи и се „тестираат” дали се невини, па се селектираат. На една страна се постарите, на друга помладите, поубавите и невините.

Сите тие се продаваат на пазар. Во купувањето постои хиерархија: први избираат жени шеиците, па потоа борците на ИСИС.

Тие купуваат и по три-четири девојки, а по некое време откако ќе се уморат од нив ги враќаат на пазарот. И така во круг.

Третманот на жените е манифестиран преку презир и дивјаштво.  Тие се силувани, третирани како робови, присилувани на проституција и друга екстремна бруталност.

„Најстрашната приказна што ја имам чуено е за една 22- годишна девојка, која била жива запалена бидејќи одбила да учествува во екстремен садистички сексуален чин.

Се претпоставува дека во заробеништво на ИСИС има околу 3 000 до 5 000 жени кои се изложени на ваков брутален третман.

Слично

Поврзани вести