Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРУТАЛНО, ЕВЕ НА ШТО СЕ СЕТИЈА РУСИТЕ: „Змејските заби“ се ноќната мора на Западот-нивното оружје не може ништо!

БРУТАЛНО, ЕВЕ НА ШТО СЕ СЕТИЈА РУСИТЕ: „Змејските заби“ се ноќната мора на Западот-нивното оружје не може ништо!

Русија продолжува да ја зајакнува својата одбранбена линија со помош на „змејските заби“, што претставува колосален проблем за украинските вооружени сили.

Ниту една опрема на НАТО нема да може да ја пробие таквата одбрана, изјави германскиот новинар Јулијан Репке во извештај за Билд.

- Русите продолжуваат да ја зајакнуваат оваа линија на одбрана. Гледаме колку од овие „змејски заби“ (бетонски блокови во форма на пирамида се користат за да се запре нападот на непријателот), невозможно е да се избројат – коментира тој за ситуацијата на фронтот.

Репке, исто така, истакна дека западната технологија не е во состојба да ги надмине таквите утврдувања. Според него, тоа доведе до неуспех на украинската контраофанзива.

Од почетокот на јуни, Украинците се обидуваат да напредуваат во правец на Запорожје, Јужнодонецк и Артјомовско, ставајќи во борба единици обучени и вооружени од НАТО.

Како што изјави Владимир Путин, тие не успеале да постигнат значителен успех во ниту еден сектор од фронтот. Според министерот за одбрана Сергеј Шојгу, од почетокот на контраофанзивата, Киев изгубил до 90.000 луѓе и околу 600 тенкови.


Слично

Поврзани вести