Бруталните диктатори и нивните тајни бизарни хобија
На некои познати светски диктатори не им ја знаеме нивната „мека” страна. Иако озлогласени по своето сурово владеење, голем дел од овие лидери на режими имале свои интереси и хобија, кои ќе ни се чинат интересни, а некои дури и бизарни за нив.
Еве неколку од нив
Ким Јонг Ун
Како и неговиот татко, Големиот Водач Ким Јонг Ил , така и Ким Јонг Ун ја обожава традиционална народна игра на древниот корејски народ. Кошарка! Омилен партнер за баскет му е Денис Родман којшто го посетуваше и неколку пати. Инаку, од татко му наследил колекција со VHS касети од сите натпревари на Чикаго Булс, бидејќи го обожавал Џордан.
Фамилијата е толку многу опседната со кошарка што постојано носи тренери од странство обидувајќи се да го научат сопствениот народ како се игра. Ама тоа, малку тешко одело со севернокорејците, па Ким Јонг ги променил правилата на играта. Според неговите правила, се добиваат 3 поени за погодок, четири за тројка ама без допирање на обрачот и осум поени за погодок во последните три секунди. Исто така, се разбира дека има и негативни поени, како што е нормално и разбирливо дека секој оној кој не сака да игра кошарка веднаш се испраќа во работен логор.
Садам Хусеин
Во 2001 година, агентите на ЦИА во Лондон пронашшле книга на арапски јазик со интригантен наслов "Забиба и кралот". Ако нејзин е напишано имаето С.Хусеинн.
Оваа книга е љубовна повест за историјата на Ирак. Дејствието се случува во древниот Ирак каде кралот се заљубува во убавата и невина Забиба, која го преставува Ирак, се разбира кралот е Садам. И така започнува искрена и длабока љубов меѓу нив двајца.
Хитлер
Сите знаеме дека Хитлер бил уметник и дека се обидел да студира сликарство. Да беше примен можеби сѐ ќе беше поинаку. Хитлер покрај концентрационите логори, исто така ги обожавал дизниевите ликови. Имал копија од Снежана и сметал дека е тоа најдобриот филм.
Осама Бин Ладен
Бин Ладен има особено страст за одбојка. Не само што ја сакал, туку и според известувањата на луѓето кои биле блиски до него, тој бил многу добар во тоа.
Мао це Тунг
Слично како Садам Хусеин и Мао це Тунг имал страст кон пишувањето. Тој пишувал романтична поезија, за која многу експерти имаат дадено добри оценки.


