БРУТАЛЕН УКРАИНСКИ УДАР НА ВАГНЕР, ова е пеколна недела за руските платеници
Руската паравоена група Вагнер е цел на Украина. Додека во
Кадивка бил погоден хотелскиот комплекс во кој наводно биле сместени вагнерите,
од Мелитопол пристигнале снимки од запалена зграда за која некои тврдат дека ја
користеле членовите на оваа платеничка група.
Украина тврди дека штабот на Вагнер бил погоден во напад на нејзините сили во окупираните делови на Луганск. Серхи Гајдаи, прогонетиот гувернер на Луганск, рече дека нападот врз градот Кадивка оставил „голем број“ мртви меѓу членовите на Вагнер, кои се обвинети за тортура и други воени злосторства.
- Имеше експлозија таму, токму на местото каде што се наоѓаше седиштето на Вагнер. Голем број од оние кои беа таму загинаа - рекол Гајдај, според преводот на Ројтерс.
Сè уште не е можно самостојно да се потврди дали Вагнер бил лоциран на местото на нападот или дали ударот резултирал со голем број жртви, посочува „Гардијан“ и додава дека се уште има голем број индиции дека платеничката група бил погодена. Ниту Би-Би-Си не можеше самостојно да ги потврди наводите за присуството на Вагнерците во хотелот, кој во голема мера беше уништен во нападот.
Probable HIMARS strike on #WagnerPMC HQ in #Kadiivka resulted in dozens of #Russian fatalities.
— Stepan Gronk (@StepanGronk) December 12, 2022
HIMARS struck the hotel which served as a command center for the Wagner soldiers operating near #Bakhmut. Well done!#SlavaUkrainii pic.twitter.com/8qloYQTHtV
Дали хотелот бил седиште на Вагнер?
Руските државни медиуми потврдија дека хотел во Кадивка - кој Русите го нарекуваат Стаханов - бил погоден од артилериски оган во неделата. Фотографиите и видеата на социјалните мрежи го прикажуваат хотелот Жданов во урнатини. „Гардијан“ наведува дека првите фотографии од местото на настанот ги објавил провоен руски воен блогер кој претходно известувал за Вагнер и објавувал слики од неговите борци.
„Овој удар го направија ракетите Химарс. Во зградата имаше членови на групата Вагнер“, напиша Александар Симонов, блогер кој го води каналот „Brussels Messenger“ на „Telegram“.
Претходно беше кажано дека во комплексот биле сместени руски офицери кои се борат во регионот. Не е познато колку луѓе се повредени во ударот. На снимката од местото на настанот се гледаат неколку повредени лица во зградата кои чекаат лекарска помош. Друго видео покажува група мажи во маскирна облека како стојат околу дел од ракетата пронајдена на местото и разговараат за нападот, сугерирајќи дека бил насочен кон оние кои се борат на руската страна.
