Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРУНЕИ: За поданиците – шеријатски закон, за султанот – уживање

БРУНЕИ: За поданиците – шеријатски закон, за султанот – уживање
Султанот од Брунеи од почетокот на месецов се соочува со остри критики од светската јавност заради одлуката да го воведе ригорозното шеријатско право во својата земја, според кое хомосексуалците во иднина ќе бидат каменувани, а на крадците ќе им се отсекуваат рацете. Кралското семејство од Брунеи е најбогато во светот, а само богатството на султанот Хасанал Болкиах се проценува на околу 20 милијарди долари. Со години султанот и неговите најблиски живеат раскошен живот во палата со 1.788 соби и 257 бањи. Неговата палата е втора по големина во светот, по кинескиот Забранет град. Султанот поседува 110 гаражирани автомобили, меѓу кои и целосно позлатен мерцедес, климатизирана штала со 200 пони-коњи за поло и пет базени. Уште повеќе троши неговиот брат принцот Џефри Болкиах, кој поседува 2.300 автомобили, луксузна јахта и два други брода. Откако на 1 мај во Брунеи стапи на сила шеријатскиот закон, се поочигледно станува дека строгите правила нема да важат за припадниците на кралското семејство. Султанот и неговиот принц се единствените на кои им е дозволено да се однесуваат како што сакаат. На сите останати, муслимани и не-муслимани, таквите работи им се строго забранети, а сега и со закани за брутални насилни казни, открила една од поранешните љубовници на султанот. Ваквите информации за разуздан живот на кралското семејство од Брунеи ги потврдува и Роберт Рангел, поранешен заменик-шериф во Лос Анџелес, кој извесен период работел како шеф на обезбедување за султанот и неговиот брат. Според Рангел, султанот и неговото семејство оделе на патувања во придружба на 150 слуги и помошници, а на Дизни му плаќале да дојде на Брунеи за детска роденденска забава. Алкохолот, кој на Брунеи е строго забранет, во палатата на султанот се точи без проблем, додава тој.
Слично

Поврзани вести