Bronnier’s – божиќното чудо на Мичиген
Ако ви е смачено од божиќно пазарување, Bronnier's веројатно не е место за вас. Продавницата, која се простира на површина од 24 хектари е најголемата во светот која е посветена на божиќните празници.
Претставете си го најголемиот супермаркет во кој сте биле, а потоа заменети ги храната и производите во него со божиќни украси, дрвца и венци. Тогаш можете да се доближете до чудото кое е Bronner's Christmas Wonderland.
Продавницата е лоцирана во малиот град Франкенмут, опишан како Малата Баварија на Мичиген. Низ годините Bronnier's станал толку голема атракција што во 1976 САД го објавува како „Амбасадор на туризмот во Мичиген“.
Годишно, повеќе од два милиони посетители одат во продавницата минувајки низ Божиќната алеја која е украсена со илјадници празнички светилки.
Bronnier's е создаден во 1945 година од христијанскиот уметник Воли Бронер. Поради бизнисот со кој се бави тој го добил името Господин Божиќ. Тој брзо успеал да ја прошири својата продавница со трговски центар каков што е и денес.
Продавницата нуди 50 000 различни подароци и годишно продава околу 600 000 стаклени божиќни играчки, 500 000 венци, како и 15 000 божиќни картички. Околу зградата се поставени три огромни фигури на Дедо Мраз, еден гигантски снешко и стотици светлечки украси кои исто така можат да бидат купени. Имајки го тоа во предвид не е чудно што продавницата има дневна сметка за струја од 900 долари.
Продавницата немаше да биде вистинско божиќно волшебство без типичните натписи. Местото гордо објавува дека ги декорира срцата и домовите со мир и љубов од 1945 година до денес.
K.K
Слично
