Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бројот на жртвите од жичарата се искачи на 13, меѓу нив има и странци, две деца се во болница

Бројот на жртвите од жичарата се искачи на 13, меѓу нив има и странци, две деца се во болница

Бројот на жртви во стравичната несреча во Италија се искачи до 13. 

Во моментот на падот во кабината имало најмалку 15 луѓе, јавува Ла република. Две деца во критична состојба се префрлени во болница во Торино. Според Кориере дела сера, повредените деца имаат 5 и 9 години. Петгодишното дете добило тешки повреди на главата и преломи на нозете, додека деветгодишното било реанимирано и се наоѓа на оделот за интензивна нега.

Кориере пишува дека кабината паднала на една од највисоките точки. Се нагаѓа дека станувало збор за висина од стотина метри.

„Кабината на жичарата падна од релативно висока точка и заврши на тлото во подножјето на голема шума. Кабината е целосно згмечена, па падот очигледно бил страшен“, кажа Валтер Милан од Алпин рескју.


Милан, портпарол на националната алпска служба за спасување кажал за Раи њуз дека двете тешко повредени деца со хеликоптер биле итно префрлени во педијатриска болница во Торино.

Несреќата се случила додека жичарата се искачувала, а кабината паднала од голема висина и се тркалала сè додека не ја сопрело стебло. Планинари слушнале страшен звук, а веројатно причина за несреќата е пукнат кабел.

Патолозите почнале со идентификација на жртвите, меѓу кои има и странци.

Жичарата била затворена во 2014 година поради генерален ремонт и повторно отворена две години подоцна. Работите чинеле 4 милиони евра, пишува Газета.

Слично

Поврзани вести