Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРОЈОТ НА ЖРТВИТЕ НА ФИЛИПИНИТЕ РАСТЕ: болниците се преполни по силниот земјотрес (ФОТО)

БРОЈОТ НА ЖРТВИТЕ НА ФИЛИПИНИТЕ РАСТЕ: болниците се преполни по силниот земјотрес (ФОТО)

Најмалку 69 луѓе загинаа, а 150 се повредени во силниот земјотрес што го погоди централниот дел на Филипини.

Се претпоставува дека бројот на повредени надминува 150 луѓе, а болницата во градот Бого е преоптоварена од големиот број пациенти, објави Ројтерс.

Земјотресот бил со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала, додека епицентарот бил во морето, во близина на градот Бого во покраината Себу, околу 512 километри јужно од Манила.

По силниот земјотрес регистрирани се секундарни потреси, од кој најсилниот бил со интензитет од шест степени. Но, не е издадено предупредување за појава на цунами.

Земјотресот предизвика прекин на електричната енергија, а разурнати се повеќе згради, меѓу кои и црква стара повеќе од сто години.

Филипинската покраина Цебу е популарна туристичка дестинација, во која живеат околу 4,3 милиони луѓе.

Фото: EPA/JUANITO ESPINOSA

Слично

Поврзани вести