Бројот на жртвите расте, колку животи однесе Метју?
Жртвите на ураганот Метју во Хаити се зголемија до 1000.
Дополнително многу луѓе умираат од колера при што локалните власти ги погребуваат починатите во масовни гробници, пренесува Ројтерс.
Во САД жртвите се 16. Ураганот ослабна значително, по доаѓање до Северна Каролина, но сепак нанесе големи штети и предизвика евакуација на стотици Американци.
По пат низ Куба, Доминиканската Република и Бахамите сепак Метју предизвика вистински хаос.
Најтешки се последиците врз Хаити, најсиромашната земја на двата американски континенти - таму ураганот удри со ветрови со брзина од 230 км / час и силни дождови.
Слично
