Бројот на жртвите во Тианџин достигна 104 лица
Бројот на загинатите при експлозиите во складиштето за опасни материјали, кое одекна во текот на ноќта во средата во кинески град Тианџин се зголеми на 104 лица. Повредените веќе се над 702, пренесе „Xinhua“, повикувајќи се на локалните власти.
Локалните власти го потврдија присуството на цијанид во зоната на експлозијата во Тианџин.
По првата експлозија во складиштето на компанијата „Жуихаи“ во средата доцна по локално време следеа уште неколку експлозии. Моќноста на најсилната експлозија од нив била со 21 тони тротилов еквивалент.
Има десетици жртви и стотици повредени по експлозиите во кинескиот град Тианџин.
Има и преживеани кои биле затрупани од огнениот пекол во Кина.
Од експлозивниот бран се уништени прозорците на куќите во радиус од 2 км, а последниот огромен пожар уништил илјадници автомобили.
