Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бројот на жртвите од земјотресот во Непал надминa 6000

Бројот на жртвите од земјотресот во Непал надминa 6000
Бројот на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Непал надмина 6.000 лица, покажуваат податоците на непалската полиција. "Според информациите во моментов загинатите се 6130, а 13 415 се повредени", соопшти полицијата на официјалната страница . Најголемата штета според полицијата е нанесенa во главниот град на земјата Катманду. Таму бројот на загинатите е 1089 лица. Премиерот Коипрала признава дека бројот на жртвите може да надмине 10 000 луѓе, бидејќи спасувачите се уште не можат да стигнат до голем број на оддалечените области. На 25 април на 84 километри од главниот град Катманду, во западниот дел на Непал, беше регистриран земјотрес со интензитет од 7,9 степени по Рихтер, на 15 километри длабочина. Следеа 70 последователни потреси со помал интензитет.
Слично

Поврзани вести