Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бројот на жртви од вирусот „MERS“ во Јужна Кореја се искачи на 15

Бројот на жртви од вирусот „MERS“ во Јужна Кореја се искачи на 15

Во меѓувреме Северна Кореја најави драконски мерки за спречување на ширењето на заразата

Петнаесет лица починале од вирусот на Блискоисточниот респираторен синдром (MERS) во Јужна Кореја, пренесе „Франс прес“, повикувајќи се на здравствените власти.

62-годишен маж починал денеска попладне во болница, во вториот град во земјата, откако се заразил во здравствена установа во главниот град Сеул.

Во текот на денот во Јужна Кореја биле откриени 7 нови случаи на заразата. Една од најголемите болници во Сеул беше затворена привремено со цел справување со епидемијата.

Со 145 заразени, од кои 15 починаа, Јужна Кореја е најтешко погодената држава од „MERS“, со исклучок на Саудиска Арабија.

Во меѓувреме Северна Кореја најави огромни мерки за спречување на ширењето на заразата на нејзината територија.

За вирусот нема лек или вакцина. Стапката на смртност е 35 проценти, според податоците на Светската здравствена организација. Во Саудиска Арабија над 950 лица се заразени со вирусот од 2012 година, а 412 од нив починале.

Слично

Поврзани вести