Бројот на жени кои работат во Турција намален за 10%
Се помалку жени во Турција работат, а нивниот број е намален за 10%, соопшти претставник на Фонд на ОН за населението за Турција, објави Хуриет дејли њуз.
Претставникот на ОН, Захидул Хук изјави во интервју за весникот дека иако се направени редица чекори по однос на рамноправноста меѓу половите во Турција, се помалку жени одат на работа .
Во 2000 година 40 отсто од жените во Турција имале работно место, додека во 2012 година само 27% од жените во таа држава оделе на работа.Хук нагласи дека недостигот од институции за грижа на деца како и традиционално конзервативниот однос на мажите во турските семејства се меѓу причините за тие цифри.
Во парламентот на Турција 14,1% од пратениците се жени додека во локалната власт таа цифра е само 2%.
Слично
