Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бројот на заразени и починати се намалува, тврдат од СЗО

Бројот на заразени и починати се намалува, тврдат од СЗО

Бројот на новозаболени и смртни случаи од Ковид-19 се намалува, тврдат од Светската здравствена организација (СЗО). 

Во периодот од 1 до 7 февруари бројот на новозаболени се намалил за 17 проценти на светско ниво, а вкупниот број на смртни случаи се намалил за 10 проценти. Во извештајот на СЗО се наведува дека бројот на новозаболени лица во светот се намалува четврта недела по ред, пренесува „Ројтерс“. Најголем пад на бројот на нови случаи е потврден во Африка (22 проценти), Европа (19 проценти) и Северна и Јужна Америка (17 проценти). Смртноста е намалена за 30 проценти во Африка, 13 проценти во Европа и четири проценти во Северна и Латинска Америка.

Помеѓу 1 и 7 февруари, најголем број нови случаи се потврдени во САД, околу 871.000, следи Бразил со околу 328.000, Франција со 136.000 и Велика Британија со приближно 133.000. Од почетокот на пандемијата, потврдени се вкупно 105.429.382 случаи и 2.302.614 починати.

Можеби ќе треба вакцината против Ковид-19 да се прима секоја година, сосема исто како против сезонскиот грип, вели извршниот директор на американската компанија „Џонсон и Џонсон“, Алекс Горски.

foto freepik

Слично

Поврзани вести