Бројот на загинати во Венецуела е над 1.400
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на повеќе од 1.400.
Ова го објави денеска претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез, пренесе CNN.
Родригез изјави дека најмалку 3.238 лица се повредени, додека 3.142 семејства останале без своите домови.
Земјотреси со јачина од 7,5 и 7,2 степени според Рихтеровата скала ја погодија Венецуела ноќта помеѓу среда и четврток.
Американскиот геолошки завод објави дека станува збор за редок феномен познат како „дублет“, односно двоен земјотрес.
Во земјата имало и најмалку 430 последователни потреси.
Слично
