Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАРОТ ВО ТУРЦИЈА СЕ ИСКАЧИ НА 76: Полицијата приведе девет лица

БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАРОТ ВО ТУРЦИЈА СЕ ИСКАЧИ НА 76: Полицијата приведе девет лица

Бројoт на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76.

Пожарот избувнал ноќеска, кога во хотелот престојувале 238 гости. Иако огнот е ставен под контрола, итните служби продолжуваат со пребарувања на теренот. 

„Локацијата на хотелот, сместен на рид, го отежнувала пристапот за гаснење од сите страни“, изјави министерот за внатрешни работи, Али Јерликаја.

Турското Министерство за внатрешни работи потврди дека девет лица се приведени во врска со пожарот. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја прогласи среда, 22 јануари, за ден на жалост во земјата по пожарот во ски-центарот Карталкаја. 

Слично

Поврзани вести