Бројот на странски инвестиции во Кина се зголемил за 4,9%
И покрај бавниот раст на втората по големина светска економија, Кина, странските директни инвестиции (СДИ) во првата половина од 2013 година се зголемиле за 4,9% на годишно ниво.
Притоа, темпото на раст на овие инвестиции во јуни од 20%, е најбрзо од март 2011 година, што покажува дека инвеститорите имаат доверба во другите економии во светот, соопшти Министерството за трговија на Кина.
СДИ, не сметајќи го финансискиот сектор, се зголемени на 62 милијарди долари во текот на овие шест месеци заклучно со јуни, а само тој месец пораснале за 14,4 милијарди долари на годишно ниво.
Инвестициите од Јапонија пораснале за 14,4%, на 4,7 милијарди долари, од ЕУ за 14,7% на 4 милијарди, а од САД за 12,3% на 1,8 милијарди долари.
Најголемиот дел од инвестициите во Кина доаѓаат од група на десет азиски земји и регионот, вклучувајќи ги и Хонг Конг, Тајван, Јапонија и Сингапур. Инвестициите од тие економии пораснале за 5,3% на 53,8 милијарди евра.
Кинеската економија минатата година напредуваше со темпо од 7,8%, кое е најслабо во последните 13 години. Растот на БДП во првите шест месеци од оваа година изнесувал 7,6%, а економската активност во тој период била воглавно стабилна, наведува кинескиот Завод за статистика.
Слично
