Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бројот на невработени Германци во август, неочекувано се зголеми

Бројот на невработени Германци во август, неочекувано се зголеми
За прв пат по три месеци, невработеноста во Германија, на изненадување на аналитичарите, во месец август се зголеми, покажуваат статистичките податоци. Ова, е показател за забавувањето на водечката европска економија. Иако аналитичарите очекуваа дека бројот на невработени лица ќе се намали за 5.000, сепак, нивниот број во месец август се зголеми за 7.000 и сега вкупната бројка на Германци кои бараат работа изнесува 2.95 милиони. Нивото на невработеност се задржа на 6.8 %, што е блиско до најниската вредност овие две години. Резултатите не се особено позитивни и доаѓаат непосредно пред изборите во Германија, кои ќе се одржат на 22 септември, на кои актуелната канцеларка, Ангела Меркел, ќе се бори за трет мандат.  
Слично

Поврзани вести