Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бројот на мигрантите во Германија достигна нови врвови

Бројот на мигрантите во Германија достигна нови врвови

Бројот на луѓето со имигрантско потекло во Германија во 2016 година е зголемен за 8,5% до рекордно ниво - 18,6 милиони лица. Ова главно се должи на зголемениот број бегалци, кои пристигнаа во земјата, коментираат од германската Федералната статистичка служба, пренесе Reuters.

Малку над една петтина од населението (22.5%) биле прва или втора генерација имигранти со барем еден родител, роден без германско државјанство. Податоците доаѓаат пред изборите во Германија во септември. 

„Германска социјалдемократска партија“на Мартин Шулц ја предизвикува канцеларката Ангела Меркел токму со предупредување дека не треба да се повторува 2015 година, кога таа ги отвори границите за стотици илјади мигранти.

Околу 2.3 милиони лица во Германија имаат семејни врски со Блискиот Исток, што во споредба со 2011 година претставува зголемување од речиси 51%. 740 илјади луѓе пак имаат африкански корени - зголемување за 46% од 2011 година. Поголемиот дел од миграциското население сепак имало врски со други европски земји.

Германија во 2015 и 2016 година усвои повеќе од еден милион имигранти, од кои многумина бегаат од војна и сиромаштија во Блискиот Исток и Африка. Одлуката на Меркел да ги отвори границите на својата земја првично ја засегна негативно нејзината популарност и даде поттик на анти-имигрантски поставената партија "Алтернатива за Германија". Потоа сепак нејзината партија "Демохристијанската унија" ја опорави популарноста.

Слично

Поврзани вести