Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бројни предизвици за Мекдоналдс во Бразил

Бројни предизвици за Мекдоналдс во Бразил
Светските ланци за брза храна, вклучувајќи и гигантот Мекдоналдс(McDonald's) се вклучуваат во битката за најголемиот пазар во Латинска Америка - Бразил, во обид да ги подобрат своите позиции. Бразил, ако се земе во предвид брзиот раст на побарувачката на брза храна во последните пет години, според проценките на експертите ќе забележи продажбата во секторот од  50 милијарди бразилски реали (21,7 милијарди долари) во 2013 година. Сумата ќе се зголеми за околу 82% во однос на таа од 2008 година. Напредокот на бразилската средна класа придонесе за зголемувањето на популарноста на рестораните за брза храна. Според пресметките на Mintel,  еден од десет Бразилци се храни во синџирите за брза храна барем еднаш дневно. „Главните фактори за тоа се плановите за проширување на големите синџири, кои имаат за цел доаѓање на повеќе производи за новата средната класа, особено во региони како североисточниот дел на земјата", посочи вишиот аналитичар во Mintel,  Жан Мануел Гонзалвес  за CNBC. Иако McDonald's има најразвиена мрежа со 1 308 ресторани, постојат уште околу 386 000 независни објекти што го отежнуваат брзото проширување на прехранбените гиганти. Гонзалвес предупреди дека објектите за брза храна се соочуваат и со други големи предизвици. „Покрај предизвикот за дистрибутивната мрежа, има и силни регионални  параметри за вкус, особено за пикантните вкусови", истакна експертот. „Предизвикот пред рестораните за брза храна сега е привлекување на нови корисници од пониските економски групи", се вели во извештајот.
Слично

Поврзани вести