Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бројките се алармантни, Италијанците во паника

Бројките се алармантни, Италијанците во паника

Бројките на новозаразени со коронавирусот се алармантни, поради што Италијанците се во паника. 

Од 20 региони 16 се во портокалова или црвена зона. 

За последните 24 часа се регистрирани повеќе од 40.000 новозаразени од Ковид-19, а бројот на починати е 550.

Од владиното тело кое ја следи епидемилошката ситуација, таканаречениот научно-технички комитет, порачуваат дека „благо опаднала преносливоста на заразата, но дека е рано да се каже дека тоа е последица од новите владини мерки".

Министерот за здравство, Роберто Сперанца, вели дека станува збор за „добар сигнал, но дека не чекаат месеци на ограничување", пишува „Ansa".

При првиот бран Италија беше една од најпогодените европски земји. 

Во Италија над 44.000 луѓе починаа од коронавирусот. 

Потврдени се над 1.1 милион заразени со опасниот вирус. 

Слично

Поврзани вести