Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРОЈКИТЕ КАЖУВААТ СЕ: Шест од осум нафтени држави се во хаос

БРОЈКИТЕ КАЖУВААТ СЕ: Шест од осум нафтени држави се во хаос

Падот на цените на нафта кој се случи во изминатите неколку години влијаеше на тоа поедини американски држави произведувачи на нафта да се „лизнат“ во рецесија во 2016 година, велат од S&P.

Од осум американски нафтени држави опфатени со анализата на S&P, само тие две, Монтана и Тексас, успеале за „дланка“ да ја избегнат рецесијата благодарение на благото забрзување на економскиот раст, пренесе Франс прес.

Меѓутоа, шест американски сојузни држави -Аљаска, Лузијана, Ново Мексико, Северна Дакота, Оклахома и Вајоминг, влегоа минатата година во рецесија и покрај неодамнешното опоравување на цената на нафтата кое следеше по одлуката на ОПЕК да го намали производството.

„Сериозно намалените експлоатации и производства во изминатите 18 месеци им нанело сериозна штета на економиите на земјите-произведувачи на нафта“, се наведува во извештајот на рејтинг агенцијата.

Дури и доколку цените на нафта повторно пораснат, произведувачите, како оценува S&P, веројатно ќе го обноват вложувањето во производството на нафта од шкрилци, што ќе изврши притисок на цените на тој енергент.

И покрај неодамнешното благо поскапување на нафта, цената на „лесна“ нафта WTI и понатаму е за половина помала во однос на нивото од септември 2013 година кога еден барел на тој вид нафта ја надминал цената од 110 долари.

Слично

Поврзани вести