(Бројки) Кој има по моќен воен арсенал – Русија или Турција?
Руската армија е поставена на второ место во светот по онаа на САД во последното издание на „Global Firepower Index“, објавено на сајтот на истражувачката компанија. Во исто време Турција го зазема десеттото место. Кај сите показатели- бројност на армијата, земјен одбранбен систем, воено-воздушни сили, производство и ресурси, Русија води пред Турција и тоа значајно.
Мобилизација и можностите на Москва достигнуваат 69 милиони луѓе, а на Турција - 41 милион. Тенковите во Црвената армија се 15 398 тенка, во турските вооружени сили-3778 тенка. Иста е и ситуацијата кај самоодни артилериски лансери кои во руската армија се 5 972 наспроти 1013 во турската армија, реактивните системи за рафали на оган кај Русите 3793 наспротив 811 во турските вооружени сили.
Русија е во предност ако се земат предвид експертите и во воздухопловната единица - 3429 единици против 1020 на Турците, три пати повеќе се и воените бродови на Москва. Воениот буџет кој Москва го посветува на своите вооружени сили е 60.4 милијарди долари, додека Анкара троши за оваа намена 18,15 милијарди долари.

