БРОЈКАТА РАСТЕ: Заболени од коронавирус се повеќе од 11 милиони во светот
Бројот на заболени од коронавирусот во светот надмина 11 милиони.
Податоците се објавени на сајтот Ворлдметерс.
Бројот на починати надмина половина милиони и сега е 525.248.
Активни случаи има 4.321.774, од кои 57.934 се во критична состојба, а благи симптоми имаат 4.263.840 лица.
Најголем број од заразените се во САД – 2.839.301 случај, каде има и најмногу жртви – 131.545.
Зад САД следува Бразил со 1.502.424 случаи на коронавирус и 62.045 починати.
Русија и Индија имаат повеќе од 600.000 заразени од коронавирусот.
Слично
