Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРОЈКАТА РАСТЕ: Во светот 3.3 милиони луѓе се заразени со коронавирусот

БРОЈКАТА РАСТЕ: Во светот 3.3 милиони луѓе се заразени со коронавирусот

Во светот бројот на инфицирани со Ковид 19 надмина 3.3 милиони луѓе. 

Прва по бројот на заразени се Соединетите американски држави, а потоа следат  Италија  и Шпанија.

Велика Британија е трета ако се земе в предвид бројот на лица кои ја изгубија битката со вирусот. Само вчера во земјата починаа 674 луѓе. 

Брзо се зголеми и бројот на заразени во Русија. 

Оваа земја денеска регистрира рекорден дневен број од скоро 8.000 новозаразени со коронавирус, еден ден откако премиерот Михаил Мишустин објави дека е позитивен на Ковид-19.

Бројот на заразени изнесува 114.431, објави кризниот центар и додаде дека 96 инфицирани лица починале во последното деноноќие, со што вкупниот број на починати се искачи на 1.169.

Слично

Поврзани вести