БРОЈКАТА ДРАМАТИЧНО ПАЃА: Прв пат после повеќе од година дена Јапонија нема смртни случаи од ковид
Бројот на новозаразени достигна врв во текот на август, кога имаше повеќе од 25.000 на ден, како резултат на брзото ширење на делта варијантата на вирусот.
Имено, во последните 24 часови, Јапонија нема ниту еден смртен случа.ј од ковид.
Тоа се случува по повеќе од една година
Јапонија во неделата не забележа ниту еден смртен случај од Ковид-19 за прв пат по повеќе од една година, објавија локалните медиуми.
Пред недела дена, немаше ниту еден ден без смртни случаи од Ковид-19 од 2 август 2020 година, според националната телевизија NHK, но во саботата беа регистрирани три смртни случаи.
Бројот на новозаразени и смртни случаи од Ковид-19 драстично се намали низ Јапонија бидејќи досега се вакцинирани повеќе од 70 проценти од населението.
Бројот на новозаразени достигна максимум во текот на август, кога имаше повеќе од 25.000 дневно, како резултат на брзото ширење на делта варијантата на вирусот. Од почетокот на пандемијата во Јапонија, повеќе од 18.000 луѓе починале од Ковид-19.
foto> fripik
