Економија, финансии, бизнис

Контакт

Број 1 во светот: Калашников „made in USA“ !

Број 1 во светот: Калашников „made in USA“ !

Рускиот произведувач на оружја Калашников и даде зелено светло на американската компанија RWC (Russian Weapon Company) да почне со производство на познатиот руски бренд во САД.

Меѓу многуте руски брендови и Калашников беше мета на економските санкции кои Западот и ги воведе на Русија.

RWC после тоа се соочи со проблемот на набавки на автоматската пушка AK-47, што ја натерало компанијата да почне да размислува за сопствено производство во САД.

Во Калашников сметаат дека намерите на американската компанија е да произведува пушли под руски бренд е логичек чекор.

-Санкциите зачјно го зголемиле интересот за сопствено производство на пушки. Ова е само уште еден доказ дека легендарниот Калашников е популарен - рекол портпаролот на компанијата.

Директорот на RWC Томас Мекросин на саемот за оружје во Лас Вегас најавил дека ќе покрене производство во САД веќе во вториот квартал оваа година, откако однемаат залихи на веќе увезените пушки. Мекросин додава дека веќе ги разгледува и потенцијалните локации за изградба на фабрика, а ветува и нови работни места.

Пушката, како што пренесуваат медиумите ќе стекне голема популарност ширум светот и со потписот „made in USA“.
Слично

Поврзани вести