Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брод со стотици мигранти се превртел на пат кон Либија, има загинати

Брод со стотици мигранти се превртел на пат кон Либија, има загинати

Рибарски брод со стотици мигранти од Африка се превртел во Средоземното Море крај брегот на Либија, соопшти италијанската крајбрежна стража, цитирана од светските агенции.

Според телевизијата „Скај њуз 24“ на бродот имало околу 700 луѓе. Италијанските и ирските поморски бродови се обидуваат да ги спасат преживеаните.

Портпаролот на Италија и Високиот комесаријат на ОН за бегалци Федерико Фаучи изјавил дека на бродот имало над 600 лица.

Италијанската крајбрежна стража, цитирана од американските медиуми, соопшти дека досега се спасени 400 мигранти и се пронајдени 25 мртви тела.

Овој тип бродови обично се толку мали и со доволно голем број патници може да се превртат, објасни портпаролот на италијанската крајбрежна стража.

Фаучи прецизирал дека морето на местото на бродоломот било мирно, но бродот брзо потонал бидејќи бил метален и многумина мигранти најверојатно останале блокирани внатре.

Од почетокот на годината во Средоземното Море загинаа над 2.000 мигранти при обиди да стигнат во Европа. За споредба во текот на минатата година жртвите биле 3279, покажуваат податоците на Меѓународната организација за миграции. Помош им е укажана на 188 000 мигранти.

Слично

Поврзани вести