БРОД СЕ ЗАПАЛИ И СЕ ПРЕВРТЕ ВО КОНГО: Загинаа најмалку 50 луѓе, спасувачите трагаат по исчезнати
Во Конго има најмалку 50 загинати и повеќе од 100 исчезнати откако брод се запали и се преврте. Несреќата се случи во северозападниот дел на државата близу градот Мбандака.
Десетици луѓе се спасени, а многу од нив се здобиле со тешки изгореници. Потрагата по исчезнатите е во тек, а спасувачки екипи се помогнати од Црвениот крст и локалните власти.
Инцидентот настанал додека една жена готвела на бродот. Неколку патници, меѓу кои и жени и деца, загинале откако скокнале во водата, но не знаеле да пливаат.
Смртоносните бродски несреќи се вообичаени во оваа централноафриканска земја, каде често има критики за патувањата во доцните ноќни часови и преполните бродови. Властите се мачеа да ги спроведат поморските регулативи.
Минатиот месец се преврте брод и загинаа 25 луѓе. И во 2024 година имаше слични немили настани.
foto AP
