„Бритиш петролеум“ ќе плати 19 милијарди долари оштета за истекување на нафта во Мексиканскиот Залив
Рекордна компензација од речиси 19 милијарди долари ќе плати Британската нафтена компанија „Бритиш петролеум“ за истекување на нафта во Мексиканскиот залив во 2010-та, информира „francais.rt“.
Компанијата постигна договор со владата на САД. Огромната сума ќе се плаќа во рок од 18 години. Таа е компензација за штетата на животната средина. Речиси 7 милијарди долари се за државите Алабама, Флорида, Луизијана и Мисисипи, кои поведоа судски предмети против „Бритиш петролеум“.
Пред пет години експлозија на нафтена платформа уби 11 работници. Неуспешниот обид за дупчење ја предизвика најголемата еколошка катастрофа во регионот. Потоа се дозна дека причините за несреќата се обид на „Бритиш петролеум“ да заштеди пари и сериозно кршење на правилата за безбедност.
