Бритиш Eрвејз се подновува со авиони вредни 12 милијарди долари
Бритиш Ервејз склучи договор за купување 36 патнички авиони Ербас А350, во вкупна вредност од над 12 милијарди американски долари. Од компанијата соопштија дека нивните сопственици од ИАГ потпишале меморандум за разбирање кој подразбира набавка на 18 авиони Ербас А350-1000 со опција за купување на уште 18.
Секој од тие авиони чини 332,1 милион долари. На почетокот на април, ИАГ објави дека со Боинг склучиле договор за купување 18 авиони Дримлајнер 787.
Слично
