“Бритиш ервејз” од денеска дозволува вклучени телефони и таблети во текот на целиот лет
"Бритиш ервејз" ( British Airways ) станува од денес првата авиокомпанија во Европа , која ќе им овозможи на патниците да ги остават вклучени телефоните и таблети во текот на летот , пренесоа " Ројтерс " и " Франс прес " .
Иако патниците се уште нема да можат да пишуваат пораки или да се јавуваат по телефон , договорот со британската Служба за цивилна авијација ги отстранува сегашните ограничувања кои бараат уредите да бидат исклучени , додека авионот е во воздух и кога се подготвува да слетува .
Клиентите сепак ќе мора да ги подесуваат уредите на режим " лет " , кој ги блокира текстуалните пораки , разговорите и пристапот до мрежа , прецизира авиопревозникот . Денешните промени не важат за лаптопите .
Патниците на "Бритиш ервејз" во бизнис класа меѓу лондонскиот аеродром Сити и Њујорк веќе можат да испраќаат пораки и да имаат пристап до безжичен интернет.
Слично
