Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРИТАНЦИТЕ СТРАВУВААТ: Ако излеземе ќе доживееме шок

БРИТАНЦИТЕ СТРАВУВААТ: Ако излеземе ќе доживееме шок

Велика Британија ќе доживее „длабок економски шок“ доколку избирачите одлучат да ја напуштат ЕУ, рекол министерот за финансии Џорџ Озборн.

Озборн, кој се наоѓа во Кина на состанокот на Групата 20 водечки светски економии, изјавил за БиБиСи дека неодамнешното слабеење на фунтата „потсетува дека ова не е некоја политичко салонска игра“.

Фунтата ја достигна најниската вредност во текот на период од седум години, бидејќи нервозните инвеститори реагирале на неизвесноста во врска со референдумот кој ќе биде оддржан на 23 јуни на кој ќе се гласа за тоа дали Британија треба да остане во составот на ЕУ.

Озборн нагласил дека „напушатњето на ЕУ ќе претставува голем економски шок за Британицте, за сите нас“, пренесува АП.

Ова предупредување доаѓа во моментот на објавување на извештајот во весникот „Фајнешал тајмс“ за тоа дали Озборн ќе ги повика лидерите кои присуствуваат на состанокот во Шангај да се изјаснат против излегување на Британија од ЕУ.

Слично

Поврзани вести