Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британците навалија да купуваат имоти во Франција

Британците навалија да купуваат имоти во Франција

Брокерите во Франција имаат рекордни продажби на имот на Британци.

Брегзит и падот на фунтата не го запираат инвеститорскиот апетит. Една од најголемите агенции за недвижности во Франција со британска сопственост, соопшти неодамна дека продажбата на Британци достигна невидено високо ниво. Некои аналитичари очекуваа Британците да се повлечат од европските пазари во очекување да се одлучи несигурноста околу иднината во ЕУ. Само во последните 7 дена од тимот на компанијата се обработени над 1 000 барања, како се за 34 понуди.

Во Франција продажбата на имоти на странци имала за 29% раст минатата година. Основната група купувачи се Британци и Ирци, кои заедно сочинуваат 35% од сите странски купувачи на францускиот пазар, покажува статистиката.

Цените на куќите се стабилни некое време, што значи дека становите остануваат достапни за странските купувачи.

Слично

Поврзани вести