Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРИТАНЦИТЕ ИЗЛЕГУВААТ НА РЕФЕРЕНДУМ: На 23 јуни ќе одлучат дали ќе останат во ЕУ!

БРИТАНЦИТЕ ИЗЛЕГУВААТ НА РЕФЕРЕНДУМ: На 23 јуни ќе одлучат дали ќе останат во ЕУ!

Референдумот за прашањето за понатамошното членство на Велика Британија во составот на Европската унија ќе се одржи на 23 јуни.

Ова го соопшти британскиот премиер Дејвид Камерон по седницата на Владата.

Доцна синоќа Дејвид Камерон соопшти дека успеал да договори специјален статус на Велика Британија во ЕУ, по договорот за реформи, постигнат со 27-те негови колеги во Брисел.

Тој изјави дека "со цело срце и душа" ќе води кампања за останување на Велика Британија во ЕУ, пренесе Ројтерс.

Самиот Камерон изјави дека "со цело срце и душа" ќе води кампања за останување на Велика Британија во ЕУ.

"Британскиот народ сега треба да одлучи дали ќе остане во оваа реформирана Европска унија или да ја напушти. Тоа ќе биде историски момент, кој се паѓа еднаш на генерација и ќе ја определи судбината на нашата земја", истакна тој.

Договорот не значи дека сите проблеми на Лондон со блокот се решени, призна Камерон, но предупреди дека гласачите треба да се претпазливи кон оние кои тврдат дека Велика Британија ќе биде подобра без ЕУ.

ЕУ не е совршена, има потреба од дополнителни реформи, но одвнатре Обединетото Кралство ќе биде во подобра позиција да ги постигне, изјави Камерон, цитиран од АФП.

Ризиците за стратегијата на Камерон беа демонстрирани вчера кога анкета покажа дека кампањата за напуштање на блокот има два поени предност - поддршка од 36% наспроти 34% кои сакаат останување, 7% немаат намера да гласаат и 23% не се решени како ќе гласаат.

Можеби најголемата закана за кампањата на Камерон може да дојде од градоначалникот на Лондон Борис Џонсон, кој уште не е кажал на чија страна ќе застане во битката, која може да биде судбоносна за Камерон.

Во Лондон евроскептичните приврзаници на „Брекзит„ брзо го отфрлија договорот како слаб документ без покритие.

Слично

Поврзани вести