Британското кралско семејство официјално потврди дека ќе имаат принова
Кензингтонската палата на својот Твитер профил и официјално објави дека во кралското семејство наскоро стигнува уште едно бебе.
Среќната вест се прошири на Интернет со брзина на светлината и се потврдија шпекулациите дека Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон очекуваат трето дете.
Баш како и во првите две бремености, 34-годишната Кејт има проблеми со утрински мачнини и е голема веројатноста дека во наредниот период ќе се повлече малку од јавноста.
Занимливоста која ја следи приказната за раѓањето на третото дете Вилијам и Кејт е дека тоа бебе би можело да влезе во историјата-ако се роди син, тој нема да има предност за престолот во однос на својата сестра Шарлот, благодарение на измените во кралските закони кои се донесени по кралското венчавање во 2011 година. Се дотогаш, машките потомци имале предност, дури и кога биле млади.
The Duke and Duchess of Cambridge are very pleased to announce that The Duchess of Cambridge is expecting their third child pic.twitter.com/DZCheAj1RM
— Kensington Palace (@KensingtonRoyal) September 4, 2017
