Британско разузнавање: Можно е коронавирусот да излегол од лабораторија во Вухан
Коронавирусот е можно да има потекло од лабораторија во кинескиот град Вухан, според британското разузнавање, според цитиран извор на Сандеј тајмс.
Првично западните разузнавачки служби ја сметаа за слабоиздржива верзијата за лабораториското потекло на КОВИД-19. Сега сепак, оваа позиција е променета и оваа верзија се разгледува како веродостојна кај британската интелигенција, пренесува британскиот весник.
Исто така, постојат тврдења дека и научниците веруваат дека вирусот е создаден во лабораторија, но тие беа прикриени и не добија публицитет, забележува изданието..
Сандеј тајмс цитираше и извор на американското разузнавање кој изрази загриженост дека ако не се најде причината за светската пандемија „таа би можело да се повтори“.
