Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британските трговци ја запреа продажбата на облека од ангорска волна

Британските трговци ја запреа продажбата на облека од ангорска волна
Десетици британски брендови за облека , меѓу кои Marks & Spencer , Topshop , Next , Primark , New Look и Ted Baker престанаа да усвојуваат производи кои содржат ангорска волна, соопшти агенцијата " Ројтерс " . Реакцијата доаѓа откако минатиот месец организацијата за заштита на животните PETA рашири видео во кое се гледа како кинески работници го кубат крзното на ангорски зајаци , додека животните пискаат од болка. Азиската страна е извор на голем дел од ангорско крзно користено во светот. Откако од PETA ги повикаа корисниците да престанат да купуваат џемпери , шалови и друга облека направена од оваа материја , најнапред онлајн трговецот ASOS , а по неа и други британски компании ги прекинаа продажбата на такви производи и ги извлекоа од своите продавници . Од Arcadia , сопственик на Topshop , Topman , Dorothy Perkins , Evans , Miss Selfridge , Wallis , Burton , Outfit и BHS , соопштуваат дека престанаа привремено да снабдуваат облека од ангорски влакна , додека не најдат алтернатива. Од Marks & Spencer изјавија дека нивната политика не дозволува употреба на ткива добиени од живи животни , и дека мислеле дека кинеските фарми за ангорска волна ги негуваат овие правила.  
Слично

Поврзани вести