Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британските разузнавачи оценуваат – не вреди да се почнува светска војна за Украина

Британските разузнавачи оценуваат – не вреди да се почнува светска војна за Украина
Шефовите на британската тајна служба МИ6 го предупредиле британскиот премиер Дејвид Камерон дека би било погрешно да се испраќаат трупи во Украина, затоа што тоа може да предизвика голема ескалација на конфликтот, објави „Дејли мирор“. Според проценките на разузнавачите, „воена акција на западните земји во Украина би донела ризик од отворена војна со Русија“. Извор на весникот нагласил дека пораката генерално се движела во насока дека „не се исплати да се почнува Трета светска војна заради Украина“. Агенцијата МИ6 и претставниците на британското воено разузнавање, кои ја следат ситуацијата во Украина, предупредија дека ескалацијата на кризата би можела да доведе до граѓанска војна. Во тој случај дел од источна Украина би можел да прогласи независност и да се спои со Русија, наведуваат британските шпиони. „Дејли мирор“ објавува дека група невооружени британски шпиони работат на територијата на Украина и ја надгледуваат состојбата на граничните премини и во градовите каде живее поголем процент руско население. „Тоа се прави за да се разјаснат намерите на Путин“, се наведува во текстот.
Слично

Поврзани вести