Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британските разузнавачи објавија каде во Доњецк напредуваат руските сили

Британските разузнавачи објавија каде во Доњецк напредуваат руските сили

Според британските разузнавачи, Русија ги интензивира нападите во Украина. 

Ова се однесува на Доњецк во источниот украински регион Донбас.  Проруските сепаратисти напредувале кон местото Писки во близина на аеродромот Доњецк.

„Постои реална можност Русија да ги зголемила своите напори во Донбас, по најавите дека Украина планира голема противофанзива“, стои во извештајот.

Претходните денови рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу кажа дека ја успориле инвазијата за да нема цивилни жртви, но британските разузнавали посочија дека истиот ден убиле и деца. Инвазијата на Украина трае повеќе од 6 месеци. 

фото Твитер

Слично

Поврзани вести