Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британските пратеници сакаат зголемување на платата од 11 проценти

Британските пратеници сакаат зголемување на платата од 11 проценти

Зголемување на платите за членовите на британскиот парламент од 11 проценти и покрај ограничувањето на бенефициите во јавниот сектор, ќе предложи eден независен британски регулатор.

Се очекува дека Независното тело за регулирање на финансиите на британскиот парламент (IPSA), ќе побара зголемување на платата на пратениците на околу 75,000 фунти (113,000 долари), пренесува агенцијата „АП“.

Шефот на „IPSA“, Иан Кенеди, минатата недела предупреди дека избегнувањето на зголемувањето на платите може да предизвик скандал сличен на оној кој избувна во 2009 година, кога британските пратеници и членовите на Владата беа обвинети дека немилосрдно ги трошеле парите од даночните обврзници за лични потреби.

Британските пратеници во моментов имаат приходи во висина од 66,000 фунти , што е помалку во однос на повеќето нивни колеги во другите земји-членки на Европската Унија.

Слично

Поврзани вести