Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британските оф шор зони се согласија на поголема транспарентност!

Британските оф шор зони се согласија на поголема транспарентност!
Британски прекуморски територии со статус на даночни засолништа подлегнаа на притисокот за поголема транспарентност - решение кое Владата во Лондон го опиша како пресвртница во борбата против даночните затајувања и сивата зина за финансиски трансакции,објави „Financial Times“. Британското Министерство за финансии објави дека Ангвила, Бермуди, Британски Девствени Острови, Монсерат и островите Туркс и Каикос го следеле примерот на Кајмански Острови и  се согласиле автоматски да споделуваат информации со Велика Британија, Франција, Германија, Италија и Шпанија. За британскиот министер за финансии Џорџ Озборн, овој договорот претставува чекор напред во борбата против нелегалните финансии и даночно затајување. Тој повика и другите влади да го следат овој пример, за да бидат отстранети, како што рече, скривниците на оние кои сакаат да не плаќаат даноци". Според донесената одлука,  шесте британски прекуморските територии ќе им праќаат автоматски на петте европски земји детални податоци за имателите на банкарски сметки кои содржат име и презиме, адреса, датум на раѓање, банкарски сметки, детали за трансакции и големината на пристигнатите средства. Велика Британија објави војната со „даночните прибежишта“ поставувајќи го како еден од приоритетите на своето претседателство на Г-8, што ќе трае до крајот на годината.
Слично

Поврзани вести