Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРИТАНСКИТЕ НАУЧНИЦИ ОТКРИВААТ: Дали нервниот агенс потекнува од Русија?

БРИТАНСКИТЕ НАУЧНИЦИ ОТКРИВААТ: Дали нервниот агенс потекнува од Русија?

Британските научници во научната институција „Портон даун“ не успеаја да утврдат каде бил создаден нервниот агенс новичок со кој се отруени Сергеј и Јулија Скрипаљ, пишува Гардијан.

Русија инсистира дека таа не стои зад нападот и тврди дека обвиненијата на британската Влада се провокација.

Гери Ејткенхед, главниот извршен директор на Лабораторијата за одбранбена наука и технологија (ДСТЛ) во Портон Даун, Вилтшир, изјави дека не е докажано дека тој е создаден во Русија.

Ејткенхед потврди дека за создавањето на супстанцијата се потребни „исклучително софистицирани методи, нешто што е остварливо само на државно ниво“.

Зборувајќи за Скај њуз, Ејткенхед рече: „Успеавме да го идентификуваме како новичок, да го идентификуваме како воен нервен агенс. Не успеавме да го откриеме точниот извор, но ѝ ги дадовме научните информации на владата, која потоа користеше голем број други извори“.

Тој објасни дека утврдувањето на неговото потекло бара „други инпути“, некои од нив базирани на разузнавањето, до кои владата има пристап.

Слично

Поврзани вести