Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британските министри остануваат со замрзнати плати уште пет години

Британските министри остануваат со замрзнати плати уште пет години

Платите на министрите од британската влада ќе бидат замрзнати и во следните пет години, за да се намали буџетскиот дефицит. Ова го соопшти британскиот премиер Дејвид Камерон.

Министрите добиваат годишна плата од 134,565 британски фунти (208 000 долари), вклучувајќи и нивните права како пратеници. Нивните плати беа замрзнати од 2010 година, кога освен тоа беа намалени со 5% како дел од тогашната програма на коалициската влада за финансиски кратенки.

Властите од Конзервативната партија ветија во наредните две години дека ќе пополнат дупка од 25 милијарди фунти (30 милијарди долари) во обидот да го претворат 5% дефицитот во суфицит до 2018 година - 2019 година.

Независен британски орган кој раководи и е одговорен за финансиските надоместоци на пратениците во земјата, порано препорача зголемување на платите на сите 650 членови на парламентот, вклучувајќи и министри, со 10%, што ќе им ги направи платите 74 000 фунти.

Премиерот ја повика институцијата да размисли повторно за предлогот.

Слично

Поврзани вести